Добредојдовте на новата веб-страница на Нептун.
Се надеваме дека таа ќе стане место кое секојдневно ќе го посетувате и каде ќе можете да ги најдете потребните производи и информации. Ние пак, ќе се потрудиме преку постојаното ажурирање со нови производи и акции да го оправдаме времето кое ни го посветувате.
Срдечен поздрав,
Ваш Нептун
За оние кои сакаат малку повеќе да нé запознаат...
Историјат
Нептун е малопродажната мрежа на Еуро Медиа - основана во 1998 година која станува дел од Нептун Интернешнал во 1999 година.
Првата продавница на Нептун е отворена во 1998 година во ГТЦ во Скопје, оттогаш мрежата интензивно се шири, се отвораат продавниците во Мавровка во 2003 година, во Рамстор во 2005 година, во Стадион, Гостивар и Тетово во 2006 година . Во 2007-та Нептун продолжува да ги доближува своите услуги до другите градови во Македонија отворајќи продавници во Охрид и Куманово, во 2008 година отворајќи продавници во Струга, Прилеп и Битола и во 2009 година во Штип, Струмица и Кочани. 2007-та година е значајна и по започнувањето на експанзијата на мрежата Нептун на косовскиот пазар.
Во моментов, во мрежата се вклучени 15 продавници од Македонија и 6 од Косово, до крајот на 2011 година во Македонија е предвидено отворањето на уште 4, а на Косово уште 2 нови продавници.
Трудејќи се постојано да бидеме во тек со движењата на пазарот, во 2009 година се ребрендиравме притоа напуштајќи го стариот концепт и лого на работа и модернизирајќи го целокупниот изглед.
Во однос на брендовите кои ги застапуваме и продаваме, хронологијата го вели следново: Еуро Медиа станува официјален застапник за
Филипс во 1998 година, ексклузивен дистрибутер за
ЛГ во 1999 година, официјален застапник за
Сони во 2000 и ексклузивен дистрибутер за
Беко во 2004.
Со сите брендови во своето портфолио, без разлика дали станува збор за
Беко,
ЛГ,
Самсунг,
Сони,
Филипс,
Панасоник,
Тефал,
Ровента,
Мулинекс,
Електролукс,
Аристон,
Зануси или Фуего, Нептун станува веќе значаен и незаобиколлив дел на пазарот за техничка опрема во Македонија.
Мисија, визија и вредности
За да истраеме во годините што следат се трудиме да гледаме напред, да ги следиме трендовите и да ги разбереме силите кои понатаму ќе го обликуваат нашиот бизнис. Поставувајќи нови „дестинации“ во бизнисот, ова се мапите кои ќе ни помогнат да стигнеме до нив.
Визија
Да ги задоволиме потребите и барањата на клиентите.
Да создаваме вредности и притоа да се разликуваме.
Мисија
Да бидеме работна средина која се посакува.
На клиентите секогаш да им го нудиме најбогатото портфолио на продукти.
Да ги сочуваме старите и градиме нови партнерства со клиентите и брендовите кои ги застапуваме.
Да бидеме ефикасна, флексибилна и брзо-растечка компанија.
Вредности
Услуга: почит и обврска кон клиентот.
Страст: со разум и срце кон брендовите и производите.
Квалитет: за да се најде соодветеното решение за секој клиент.