Производи

тв/аудио/видео +

компјутери +

телефонија +

апарати/камери +

ладење/греење +

бела техника +

мали апарати за домаќинство +

лична нега +

Become our friend Facebook Linked In Your opinion is valuable

Нептун Каталог


За да се одјавите од електронскиот информатор кликнете овде.

Услуги

Услугите кои ги нудиме и грижата за корисниците се клучни елементи во работењето на Нептун и главен двигател на нашиот континуиран развој и напредок.

Обучен персонал

icon

Да се донесе вистинска одлука што да се купи е дилема со која ке се соочат дури и најискусните купувачи. Токму во вакви ситуации нашиот добро обучен и професионален персонал е тука да помогне. Нивното огромно познавање на производите и долгогодишното искуство во нудењето на корисен совет, според потербите на пазарот, се секогаш на ваше располагање за консултации и препораки.

Сертифицирани производи

icon

Нашите производи имаат "трговски пасош' за Европската Унија. Производите кои ги продаваме ги исполнуваат барањата и директивите на Европската Унија и се секаде исти за одредениот производ. Нашите производи се продаваат и може да се продаваат во секоја земја член или кандидат за член на Европската Унија.

Финансиски услуги

icon

Еден од најчестите начини на плаќање кога се купува техничка стока, е секако плаќањето на рати. Затоа ние во соработка со сите поголеми банки во Македонија, Ви нудиме купување на рати преку потрочувачки кредити и кредитни картички дури и до 72 рати.

За подетални информации побарајте не во најблиското продажно место.

Светски брендови

icon

Секој од нас има различни потреби и барања, и затоа ние сме тука да Ви понудиме најразлични решенија. И сето тоа со заеднички именител: квалитет и бренд. Тргуваме со повеќе од 10,000 производи од светски познатите брендови во потрошувачка електроника како LGSonyBekoSamsungPhilipsPanasonic... Партнерството со овие вредни партери е предност за нашата компанија и корен за нашиот успех.

Гаранција за производите

icon

Гаранцијата обезбедува чуство на сигурност за купувачот, кога од различна причина ке се појави дефект на Вашиот производ. За нас е од големо значење да ја осигураме и надградиме Вашата лојалност преку нашите авторизирани сервисни центри кои се овластени за отстранување на дефекти во гарантен рок.

Авторизирани сервисни центри

icon

Ние веруваме дека нашата обврска не завршува кога ке го купите производот. Сервисните центри се лоцирани во сите поголеми градови, потполно опремени со персонал кој ке осигура постпродажна подршка во најкраток можен рок. Истите се авторизирани од нашите глобални партнери како LG, Sony, Beko, Samsung, Philips, Panasonic...

Испорака и монтажа

icon

Потполно разбираме дека некои од нашите производи се непогодни за транспорт и инсталација поради нивните димензии. Како и да е тоа не треба да ве загрижува, бидејки нашите ефикасни и технички квалификувани луге се тука да безбедно го достават и инсталираат производот во Вашиот дом.




SuperbrandsDell