Производи

тв/аудио/видео +

компјутери +

телефонија +

апарати/камери +

ладење/греење +

бела техника +

мали апарати за домаќинство +

лична нега +

Become our friend Facebook Linked In Your opinion is valuable

Нептун Каталог


За да се одјавите од електронскиот информатор кликнете овде.

Соопштенија

Годишно Собрание на Еуромедиа

04.02.2012

Годишно Собрание на Еуромедиа

На  28-29 јануари, се одржа Годишно Собрание на Нептун,  малопродажната мрежа на Еуромедиа ДОО,  во хотелот Дрим во Струга.

Целта на настанот беше прикажување на Извештајот за работата на Компанијата во деловната 2011 година и презентирање на Програмата за работа за 2012 година.
Покрај тоа, хронолошки беше прикажан развојот на Нептун, од неговите почетоци до денес, накратко, каде бевме – каде сме сега.
Сето тоа беше презентирано од извршниот директор на Нептун, Г-нот Горан Цветинов.

Следеше дел во кој беа доделени награди за ‘’најдобрите меѓу најдобрите’’ од вработените во Нептун Македонија, како и Благодарници за професионалниот ангажман и придонес за успехот на компанијата на нашите колеги од Косово, кои беа гости на настанот.
Се  заокружи сликата за растот на Нептун и неговото лидерство во малопродажбата на бела техника, електроника и компјутерска опрема во Македонија.

Мошне инспиративното обраќање имаше Г-нот Арсим Папранику, основач и сопственик на компанијата. Преку компаративна анализа на неговиот омилен фудбалер Лионел Меси, т.е. играта на Меси во фудбалскиот клуб Барселона, каде е брилијантен во тимската игра, и неговата просечна игра во репрезентацијата на националниот тим на Аргентина, даде акцент дека само тимската игра на сите вработени во компанијата резултира со успех.
А, за симболиката на бројот 10, кој го има на дресот на Меси, го пренесуваме дел од говорот, со цел да го осетите духот и позитивните впечатоци кои ги понесоа сите  „играчи“ на тимот на Нептун кој го облекоа дресот со број 10, кој претходно им беше доделен.

Десетката на Меси значи:
1 е за секој од вас, поединечно, за индивидуалноста
1 е за врвот до кој ќе стигнеме заедно
1 е за нов почеток, ова е новата ера на ЕуроМедиа
Кругот е за тимот, тимската работа
Кругот е за совршенството, кон кое се стремиме
Кругот е за цело е кога има се


SuperbrandsReciklaza